„Темната“ страна на Ибрахимовиќ – шлаканица за ривалот и црвен картон (видео)

Златан Ибрахимовиќ е фудбалски велемајстор, но поседува и незгоден карактер, нешто што вечерва на дело го видоа и американските фанови на овој спорт.

Тој за момент полуде за време на дуелот со Монтреал, удирајќи му шлаканица на ривалот што беше задолжен да го чува. Судијата не го забележа тоа, но бидејќи во САД веќе извесно време се користи ВАР-технологија, по прегледување на снимката големиот фудбалски ас заслужено доби црвен картон.

Се вчитува...