Диего Коста важи за еден од фудбалерите со „најкраток фитиљ“ кој секогаш на теренот е подготвен и да влезе во физичка пресметка за својот тим. Така беше и додека го носеше дресот на Челси од 2014 до 2017 година.
Но, додека на теренот ги губеше живците, воопшто не го вознемируваа постојаните навреди од страна на медиумите и фановите поради лошата форма, промашените обиди…
Неговиот соиграч Александро Пато кој бил шокиран од смиреноста во интервју а „Фло Спорт“ открива дека се одлучил да го праша како успева да остане со „мирна глава“, а одговорот на Бразилецот бил едноставен.
„Новинарите го критикуваа, навивачите постојано го пцуеа и тој на се тоа остана смирен. Го прашав како успева да се бори со притисокот на тој начин. Ми одговори „Пато, јас ништо не ги разбирам. Не знам англиски“, низ смеа откри Пато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА