Тен Хаг: Ако веќе не можеме да победиме, барем да не губиме

Манчестер Јунајтед разочара и во првиот подготвителен натпревар за новата сезона. И покрај тоа што настапија без клучни фудбалери кои настапуваа на Евро 2024 и Копа Америка, „црвените ѓаволи“ на располагање ги имаа Рашфорд, Касемиро, Маунт, Ван-Бисака и Еванс, но се посрамотија и загубија од Розенборг со 1-0.

Поразот наиде на жестока реакција на тренерот Ерик тен Хаг кој ова лето се наоѓаше пред отказ, но на крајот ја доби довербата на новото раководство на клубот.

„Резултатот е секогаш битен, без обѕир дали станува збор за пријателски натпревар. Кога сте во Манчестер Јунајтед од вас се очекува постојано да победувате. Ако не може да победите, не треба да губите. Овој натпревар не беше стандард за врвен фудбал. Тоа што го прикажавме против Розенборг не беше добро. Ние сме Манчестер Јунајтед и мораме да бидеме подобри“, изјави Тен Хаг за клупскиот сајт.

Се вчитува...