Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен хаг се обидува да ангажира уште еден играч со кого соработувал во Ајакс. Станува збор за левиот бек Никлас Таљафико, кој во моментов настапува за Лион.
„Црвените ѓаволи“ бараат лев бек по повредата на Лук Шо, кој ќе паузира два месеци, а повреден е и Тајлер Маласија. Тие исто така се заинтересирани и за Марк Кукурелја и за Маркос Алонсо, и се распрашуваат дали може да ангажираат некои од нив.
Идејата е да се добие лев бек привремено, односно на позајмица до крајот на сезоната. Првата понуда беше одбиена од Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

