Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг истакна задоволство од играта на својот тим и покрај тоа што загуби од Вест Хем со 2-0 на гостувањето во Лондон.
Вест Хем со два гола во 72. и во 79. минута од средбата, стигна до победата, а менаџерот на Јунајтед рече дека неговиот тим до првиот гол бил подобар.
„Имавме добри 72. минути кога не искористивме неколку шанси. Мислам дека требаше да поведеме, и ако дојдеше до тоа, тогаш мечот ќе отидеше во друг правец“, рече Тен Хаг и додаде:
„Навистина можеме за жалиме за овие два натпревари, затоа што и против Ливерпул бевме подобри, но не успеавме да постигнеме гол. Треба вака да се бориме секој меч, но не треба да дозволиме да примаме вакви евтини голови“, смета менаџерот на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА