Откако пристигна на кормилото на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг го договори првото звучно засилување за следната сезона. Холандскиот голман Марк Флекен ќе го чува голот на „фамрацевтите“, и ќе дојде како замена за Лукаш Храдецки, кој е на излезна врата од Леверкузен.
Флекен доаѓа од тимот на Брентфорд, кој ќе добие 10 милиони евра од германскиот тим како отштета. Холанѓанецот веќе има големо искуство со германски тимови, и нема да му биде проблем да се прилагоди на својот нов тим.
Во минатото Флекен беше на голот на Фрајбург, а бранеше и за Дуизбург, Гројтер Фурт и Алеманија Ахен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

