Џејдон Санчо игра како „препороден“ во Борусија Дортмунд. Тој е еден од заслужните што екипата избори пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако го елиминираше Атлетико.
Англичанецот направи вистински потег, а неговата позајмица истекува на крајот на сезоната. На прашањето на менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг дали планира да го врати Санчо по крајот на сезоната, тој кажа дека нема да го смени мислењето.
„Дали одличните настапи на Санчо ќе ме премислат? Не. Знаеме дека Санчо е фантастичен играч, и тоа не е изненадување. Но, тоа не е поентата и причината за неговото заминување од Манчестер. Со неговите квалитети придонесе за добрите резултати на Борусија и има одлични настапи“, изјави Тен Хаг, со што уште еднаш потврди дека имало нешто помеѓу него и Санчо штом не го сака назад во Јунајтед.
Борусија Дортмунд се шпекулира дека ќе почне преговори за перманентен договор со Санчо за сума од 35 милиони евра, или 50 милиони помалку од она што Манчестер му плати на Борусија пред две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА