Ерик тен Хаг дефинитивно нема намера дапреземе одговорност за катастрофалниот старт на сезоната на Манчестер Јунајтед. На двете последни средби неговиот тим едвај стигнуваше до реми, најпрвин од 3-3 во Порто, а денеска и 0-0 на „Вила Парк“ против Астон Вила, но Тен Хаг наспроти критиките на негова адреса секогаш наоѓа нешто позитивно за да се пофали.
Неговиот тим одигра без голови против Астон Вила, моментно Јунајтед има постигнато повеќе голови во Премиер-лигата само од Саутемптон, но холандскиот стратег реши да си ја пофали одбраната, кога веќе напаѓачите повторно немаа свој ден.
„Ова ни е четврт натпревар без примен гол сезонава. Можевте да видите заедништво,многу добра организација. Тимот имаше добар карактер, добар тимски дух… Тие создадоа само една стопроцентна шанса, ние имавме некои ситуации, не премногу шанси, но ја погодивме пречката преку Бруно… Нападот мора подобро,на последните седум средби создадовме многу шанси, време е за напедок во овој дел од играта“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА