„Тен Хаг е на проба кај Ретклиф“

Манчестер Јунајтед во недела од 17.30 часот го очекува дерби натпреварот со Тотенхем. Менаџерот Ерик тен Хаг е под притисок по лошиот прв дел од сезоната и осмата позиција на тимот на табелата.

Џејми Карагер, поранешниот дефанзивец на Ливерпул, смета дека притисокот врз Холанѓанецот ќе биде уште поголем откако фудбалскиот сектор го презедоа сопственикот на Инеос, Џим Ретклиф и неговите соработници.

„Ерик тен Хаг е на проба во Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Инеос. Тој практично врши должност тренер до крајот на сезоната. Доколку нема значително подобрување во резултатите и игрите, тој ќе мора да замине. Тоа е природна последица на значајни промени во менаџментот. Кога имате нова инвестиција во елитен клуб, има итен преглед на секој дел, особено на оние кои не функционираат добро“, пишува Карагер.

Се вчитува...