Тен Хаг: Ете гледате, очигледно е зошто се откажав од Роналдо

Манчестер Јунајтед денеска од 17:30 часот му гостува на Ливерпул во дербито на колото во Премиерлигата.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг посакува продолжување на позитивната резултатска серија, во пресрет на дерби дуелот осврнувајќи се повторно и на неговата соработка со Кристијано Роналдо, која заврши откако Португалецот го напушти „Олд Трафорд“.

„Имав свои причини поради кои го отпишав Роналдо. Ете може да видите, очигледни се тие причини. Јасно е дека знаев дека ќе има последици кои може да бидат негативни за мене, но не се грижев за тоа. Спиев мирно и спијам мирно. Мојата задача е да носам одлуки кои ќе му помогнат на клубот. Размислувавме долгорочно и имавме десет дена да донесеме конечна одлука. И донесовме одлука пред се во интерес на Манчестер јунајтед, и никој друг“ – вели Тен Хаг.

Се вчитува...