Ерик тен Хаг не го крие задоволството по добиената шанса да продолжи да ја извршува менаџерската функција во Манчестер Јунајтед. Екс-тренерот на Ајакс беше многу блиску до отказ, но раководството на клубот во последен момент се премисли и реши да го задржи Тен Хаг.
Во интервју за холандската телевизија овој стручњак говореше за периодот додека тој се наоѓаше на одмор на Ибица, а управата ја кроеше неговата судбина. Челниците на Јунајтед воделе интензивни преговори и со Томас Тухел, за на крајот да решат да го задржат Тен Хаг на клупата.
„Газдите долетаа на Ибица за да ми кажат дека ќе останам. Само се појавија на вратата од хотелот, среде мојот годишен одмор, но донесоа одлична вест. Ми признаа дека разговарале и со Томас Тухел, дека размислувале долго и на крајот решиле дека го имаат најдобриот можен менаџер за својот клуб“, задоволно изјави Тен Хаг.
Тој ги потврди гласините дека по останувањето, сега е во преговори за потпишување на нов договор со Јунајтед, бидејќи стариот му истекува на крајот од следната сезона.
„Точно е, преговараме за нов договор. Се уште не сме блиску до договор, тоа не се решава така лесно, но постои решеност на двете страни да разговараме и да најдеме заеднички јазик на оваа тема“, прокоментира Ерик тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА