Тен Хаг ги коментираше гласините за трансфер на Нејмар во Манчестер Јунајтед

Нејмар се поврзува со трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед. Бразилската ѕвезда е пред заминување од ПСЖ по новата катастрофална сезона и конечно би можел да заигра во Премиерлигата каде постои интерес за негов ангажман веќе неколку сезони наназад.

Според медиумите во Франција веќе се започнати преговори, а потенцијалниот трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед сега кратко го прокоментира тренерот Ерик тен Хаг кој не сакаше касно во сезоната да започнува теми за бурното лето кое следи.

„Ќе ви кажеме кога ќе имаме вести“, кратко одговори холандскиот стратег.

Интерес за ангажман на Нејмар постои и од Челси и Њукасл па нема да биде изненадување доколку конечно го видиме 31-годишникот во елитниот англиски фудбал.

Се вчитува...