Иако има бројни повици, пред се од навивачите, да направи замена на голот, Ерик тен Хаг го брани Андреа Онана.
По серијата на „киксови“ оваа сезона, Камерунецот ја доведе во прашање својата позиција меѓу стативите на „Олд Трафорд“, но се чини дека ја има поддршката од менаџерот.
Онана беше виновен за најмалку два од трите гола што ги примија на гостувањето кај Галатасарај (3-3). Пред гостувањето кај Њукасл во сабота, Тен Хаг вели дека има верба во својот голман.
„Тој е силен карактер. Има силна личност и ќе се справи со тоа. Видовте како реагираше претходно по лошото издание во Минхен, во Барнли беше исклучителен“, вели Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА