Тен Хаг го носи чудото од Бундеслигата на „Олд трафорд“

Веќе во јануари месец Ерик тен Хаг подготвува голем дел на промени во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Сер Џим Ретклиф наскоро ќе купи 25 отсто од акциите во клубот, а со тоа се очекува и веднаш да се премине на доведување на нови играчи.

Сигурно е дека од „Олд трафорд“ зимава ќе си заминат Џејдон Санчо, Кашемиро и Рафаел Варан, а по се изгледа веќе е договорено и првото засилување.

Се работи за фудбалерот на Штутгарт и најдобар стрелец во Бундеслигата, Серху Гираси. Неверојатниот напаѓач сезонава игра неверојатно, а за Штутгарт веќе постигна 16 погодоци на 13 натпревари сезонава.

Се вчитува...