Тен Хаг го „пецна“ Роналдо: Не си на нивото на другите фудбалери!

Кристијано Роналдо по долга пауза одлучи да се појави на припремите на Манчестер Јунајтед, а после само еден тренинг и настапи против шпанскиот Рајо Ваљекано.

Португалската ѕвезда беше далеку од своето ниво и одигра најслабо од сите на теренот. Тренерот Ерик Тен Хаг го замени на полувремето, а настапот на Роналдо беше оценет со оценка 5.9.

По натпреварот Тен Хаг доби прашање за моменталната форма на Роналдо, по што менаџерот на „црвените ѓаволи“ даде брутално искрен одговор.

„Дефинитивно не е на нивото на другите фудбалери, пропушти многу недели. Потребни му се повеќе тренинзи и натпревари“, потенцираше Тен Хаг.

 

Се вчитува...