Тен Хаг: Холандската влада може да се угледа и на Германија

Владата на Холандија забрани масовни собири до 1. септември и наложи да биде прекинато фудбалското првенство. Федерацијата не прогласи шампион за тековната сезона, а тоа најмногу го погоди лидерот Ајакс. Тренерот Ерик Тен Хаг не може да верува дека неговиот тим не ја доби титулата иако 76% од периодот беше на првата позиција.

„Од 25 одиграни кола ние бевме на првото место после 23. Одеднаш немаме никаква потврда за тоа. Се разбира дека имаме чувство на незадоволство. После 76 отсто од натпреварите во Ередивизе бевме лидери и тоа се факти што не можат да се игнорираат. Ние впрочем и сакаме на теренот да потврдиме дека сме најдобри. Разбирам дека другите држави имаат поинакви интереси и дека се водат пред се од финансиите, но холандската влада можеше да се угледа на Германија. Таму на клубовите им дозволија да се вратат на тренинзи, а нас не укинаа“, изјави Тен Хаг.

Германците одлучија да дадат приоритет на продолжението на Бундес-лигата и се очекува првенството да продолжи на 9. мај.

 

Се вчитува...