Тен Хаг: И натаму сме далеку од најдобрите тимови во Премиерлигата

Ерик Тен Хаг е на „седмо небо“ откако го оствари четвртиот триумф по ред во англиската Премиерлига. Менаџерот на Јунајтед добива второ дерби, после она со Ливерпул. Денеска на Олд Трафорд успеа да го совлада лидерот Арсенал со 3-1 со двата гола на Рашфорд и еден на Антони.

На прес-конференцијата по натпреварот, запрашан дали конечно Јунајтед е зрел да се бори со топ тимовите во Премиерлигата, холандскиот менаџер рече дека и натаму тимот е далеку од најдобрите екипи.

„Ние сме на старт од еден процес да ги стигнеме топ екипите во Премиерлигата, но и натаму сме далеку. Почнавме да ги правиме нештата многу подобро. Но, за да освојуваме трофеи ќе треба уште многу многу подобро. 

Тен Хаг кажа дека е задоволен од тоа како играл нападот на тимот.

„Знаев дека нашиот напад е силен, креативен и брз. Ова е првпат овие тројца играчи да играат заедно, и убаво е кога ќе се види дека настапија одлично. 

Се вчитува...