Тен Хаг: Играчите мора да сфатат дека е крај кога судијата ќе свирне три пати

Ерик Тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед го коментираше поразот од Брајтон во 2. коло во Премиерлигата. Јунајтед не изгледа импресивно на стартот на новата сезона. Победи едвај против Фулам на домашен терен, а сега како гостин загуби од Брајтон во последните мигови од мечот.

Тен Хаг кажа дека проблем е што неговите играчи не се концентрирани до крајот на мечот.

„Имаме одличен потенцијал, но мораме да ги играме натпреварите до крај. Затоа што во Комјунити шилд исто така примивме гол во судиското надополнување. Сега во судиското продолжение примивме гол и со Брајтон. Мораме да одиме до крај. Играчите треба да разберат дека натпреварот завршува кога судијата ќе свирне три пати, и тоа е тоа што ние не го правиме добро. Згора на тоа на Манчестер Јунајтед за успех му требаат повеќе од 11 играчи“, рече Тен Хаг.

Се погласни се навивачите на Јунајтед кои бараат смена на Холанѓанецот од клупата. Сепак, раководството на Јунајтед му верува и натаму не размислува на смена.

Се вчитува...