Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го коментираше поразот од Баерн Минхен, со кој англискиот гигант се прости од играње во Европа во пролетниот дел од сезоната.
Јунајтед изненадувачки заврши на последното место на табелата во групата А со Баерн Минхен, Копенхаген и Галатасарај, иако беше еден од фаворитите заедно со Баерн да продолжи во 1/8 финалето. Таму покрај „Баварците“, се пласираше и данскиот тим.
„Против Баерн Минхен не потфрливме. Имавме неколку добри настапи во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно. Играме многу добро и не заслуживме да загубиме, но тоа се случи. Стоевме цврсто во одбрана, имавме добра организација на нападите и успешно притискавме. Се соочивме со силен тим. Баерн и кога не игра добро, може да реши натпревар од една шанса. За жал тоа се случи. Им честитам на играчите како се справија против силен тим“, рече менаџерот на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА