Тен Хаг избриша шест фудбалери за следната сезона, навивачите посебно се радуваат за еден

Манчестер јунајтед немаше сезона според очекувањата, поради што јасно беше дека ќе има сериозни промени во играчкиот кадар за следната сезона.

Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо, објави дека Тен Хаг веќе донел одлука кои играчи ќе го напуштат клубот. Тоа се Хари Мегваер, Вехгорст, Хендерсон, Ван де Бик, Бејли и Алекс Телес.

Мегваер не доби некоја минутажа, посебно во вториот дел од сезоната, па јасно е дека мора да замине ако сака некаде да игра. Вегхорст беше на позајмица во Јунајтед, која заврши, па сега е на мета на клубот од Англија и од Шпанија.

Одличниот голман Хендерсон кариерата ја продолжува во Форест, Ван де Бик се опорави од повредата но јасно е дека не е во плановите на Тен Хаг, а и останатите двајца повеќе немаат простор во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...