Тен Хаг ја најде замената на Роналдо, Јунајтед почна преговори со Дибала

Тимот на Манчестер Јунајтед почнал преговори со Пауло Дибала откако Кристијано Роналдо најави дека ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Португалската ѕвезда не сака да игра со клубот во Лига Европа, негов приоритет е Лигата на шампионите, па „црвените ѓаволи“ почнаа да бараат негова замена.

Дибала е слободен агент откако му заврши договорот со Јувентус и се уште е без клуб. Аргентинецот беше блиску до трансфер во Интер, но после доаѓањето на Лукаку, „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите.

Менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“, Тен Хаг го гледа Аргентинецот како одлична замена на Кристијано, па откако дал зелено светло, челниците на Јунајтед веќе стапиле во контакт со агентите на Дибала.

„Црвените ѓаволи“ нема да имаат проблем да му понудат 7 милиони евра по сезона колку што бара Аргентинецот, па се очекува двете страни брзо да постигнат договор.

 

 

Се вчитува...