Тен Хаг ја потврди „дијагнозата“ на Рангник за Манчестер јунајтед: „За се беше во право…“

Ерик тен Хаг во изјава за холандските медиуми потврди една „дијагноза“ за Манчестер јунајтед која ја искажа неговиот претходник Ралф Рангник.

Рангник, кој беше кратко на клупата на Манчестер Јунајтед, по пристигнувањето изјави дека клубот е во многу комплицирана состојба и дека му се неопходни големи промени, кои „не можат да бидат козметички зафат туку она што во медицината би го нарекле операција на отворено срце“.

Сега и Тен Хаг вели дека бил сосема во право.

„Рангник беше целосно во право. Ние работиме напорно изминативе две години, но точно е дека е тешка и комплексна операција за која треба време. Уште на почетокот знаев дека ќе биде тешка задача, добив и совети од многу луѓе меѓу кои и Луј ван Гал. Сакаме Јунајтед да може повторно да ја освои Премиерлигата, да освои Лига на шампиони, но засега сме многу далеку од такво нешто“ – изјави Тен Хаг.

Се вчитува...