Тен Хаг ја состави трансфер-листата: Пет фудбалери си одат од „Олд Трафорд“ на крајот од сезонава

Ерик тен Хаг потроши богатство минатото лето, но управата јасно му стави до знаење дека трошењето не може да продолжи и во јануари, не без да бидат продадени дел од постоечките фудбалери на „црвените ѓаволи“.

Холандскиот стратег поради ова не доведе врвен голгетер на местото на Роналдо, туку мораше да се задоволи со Вегхорст, па на екс-тренерот на Ајакс му е јасно што мора да стори за да има значителен буџет за засилувања за новата сезона. Како што јавуваат британските медиуми, Тен Хаг веќе избрал петмина фудбалери кои се отпишани од него и кои уште сега се ставени на трансфер-листа за да бидат продадени летово.

На врвот од таа трансфер-листа е најскапиот дефанзивец Хари Мегваер, кој речиси и воопшто да не добива шанса кај Тен Хаг, потоа Скот Мектоминеј, напаѓачот Антони Марсијал, како и Алекс Телјес и Ерик Баи, кои моментно се наоѓаат на позајмица во други клубови, а Јунајтед ќе се обиде целосно да се ослободи од нив во текот на летниот преоден рок.

„Тен Хаг веќе почна да ја планира чистката за крајот на сезоната. За почеток, тука се петмина фудбалери, меѓу нив е и Мегваер, које капитен на тимот. Станува збор за играчи кои не се наметнаа кај Тен Хаг и не се снајдоа во проектот на новиот тренер“, пишува весникот „Мирор“.

Се вчитува...