Ерик тен Хаг јасно стави до знаење дека нема намера да даде зелено светло за заминување на капитенот Гранит Џака од Баер Леверкузен.
Поранешниот капитен на Арсенал е блиску до камбек во Премиер-лигата откако се договори со Сандерленд, новиот премиерлигаш е подготвен да плати 10 милиони евра за овој трансфер, но Тен Хаг ќе стори се за да не дозволи Џака да тргне по стапките на Вирц, Фримпонг и на Тах и да си замине од „Бај Арена“.
„На сите им е јасно дека Гранит Џака е многу важен фудбалер за нас. Тој потпиша договор на пет години и има уште три сезони за одработување. Премногу важен играч за да дозволиме да си замине. Летово веќе останавме без тројца клучни првотимци, едноставно не е возможно да дозволиме и тој да го напушти клубот. Слушам како неговиот агент зборува за трансфер како да е договорена работа, тој може да зборува се што сака, но реалноста е поинаква. Ние нема да дозволиме Гранит да си замине, тоа дополнително ќе ја наруши структурата на нашиот тим“, дециден е Тен Хаг на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

