Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Теди Шерингам предвидува дека Ерик Тен Хаг ќе добие отказ пред Божиќ.
Јунајтед претрпе два порази во првите три кола од новата сезона и се наоѓа на 14. место на табелата во Премиерлигата, а навивачите особено ги боли катастрофалниот настап на тимот во дербито со Ливерпул (0-3).
Шерингам ја анализираше моменталната состојба во Јунајтед и вели дека Холанѓанецот не е тренер за неговиот поранешен клуб.
„Кога ќе ја завршите сезоната на осмото место, тоа навистина не е добро за Манчестер Јунајтед. Крај, точка. Мора да го промените она што се случува. Кога ќе ја погледнете нестабилноста од минатата сезона и што следува, можете без сомнение да кажете дека нема никаква промена. Ќе биде ли менаџер до крајот на сезоната? Мислам дека нема. Ќе добие отказ пред Божиќ“, заклучи Шерингам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА