Манчестер Јунајтед го победи директниот конкурент за место во европските купови Њукасл, а Ерик тен Хаг се осврна на шпекулациите околу статусот на капитенот Бруно Фернандеш.
Баерн наводно е заинтересиран за Португалецот, а Сер Џим Ретклиф има намера да направи сериозни промени во клубот. Јавноста таа намера ја сфати како зелено светло за заминување, но менаџерот Ерик тен Хаг тоа го демантира.
„Манчестер Јунајтед сака да го задржи Бруно. И тој изрази желба да остане. Знам само дека го сака Манчестер Јунајтед, навивачите и играњето за клубот“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА