Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг сепак на крајот ќе се откаже од својот миленик Андре Онана, кој годинава беше виновен за голем дел од поразите на клубот од „Олд трафорд“.
Холандскиот стратег веќе ја бара замената за Камерунецот, а тоа најверојатно ќе биде голманот на Милан, Мајк Мењан.
Францускиот чувар на мрежата не сака да го продолжи договорот со клубот од „Сан сиро“ па се очекува следната сезона тој да се најде меѓу стативите на „црвените-ѓаволи“.
Интересно е тоа што откако минатата година Тен Хаг го купи Онана од Интер, сега го посакува првиот голман на неговиот градски ривал Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА