Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека е уверен во идниот успех на клубот. Тој додаде дека информациите што се шират во медиумите се претерани, а во клубот се е мирно и има разбирање меѓу него и управата.
„Имаме планина за искачување, но ова е фудбал на највисоко ниво. Понекогаш мора да се соочите со предизвици, но сигурен сум дека ќе имаме успех како што имавме последните две сезони. Гледам добри работи кои покажуваат дека одиме во добра насока. Сепак, пласманот не лаже и тоа каде сме на табелата не е добро“, коментира Тен Хаг.
За информациите за негов отказ, Холанѓанецот рече:
„Вревата доаѓа само од медиумите, од некои од вас кои измислуваат приказни и приказни, објавуваат лаги. Знам дека сме на иста страна со клубот. Го кажав тоа пред паузата, но некои новинари веројатно не ми веруваа. Во клубот е тивко и не се зборува за тоа“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА