Фудбалерите на Манчестер јунајтед денеска ќе го пречекаат Евертон во натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига. Иако гигантот има катастрофална сезона, а столчето на Тен Хаг и тоа како е несигурно, холандскиот стратег верува во овој тим.
Тој изјави дека тие се на вистинска патека и дека клубот со овие играчи има светла иднина.
„На вистинската патека сме. Замислете да имавме многу од играчите без повреди, а не со постојани повреди, лесно ќе стигневме до 75 бодови. Може да видите дека овој тим има светла иднина“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА