Тен Хаг: Манчестер Јунајтед може да го победи секој противник

На Манчестер Јунајтед оваа сезона не му оди според планот. Екипата испадна од Европа, а во Англија е далеку од местата кои носат пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

И покрај тоа што Ерик тен Хаг е пред отказ, сепак, тој вели дека тимот може да победи секого.

„Мислам дека да не беа проблемите со повредите, ќе бевме на водечките позиции. Но, мораме да се помириме со ова. Отсуството на клучни играчи има влијание на резултатите. Не сме во позиција да смениме нешто по тоа прашање. Сигурен сум дека кога ќе се вратат играчите, ќе имаме многу подобар тим. Минатиот викенд игравме со Ливерпул и бевме конкурентни. Нашиот тим е силен кога сите сме заедно. Можеме да го победиме секој противник“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...