Тен Хаг: Можам да го разберам Клоп… Премиерлигата исцрпува

Германскиот стратег Јирген Клоп ја шокираше фудбалската јавност со изјава дека заминува од Ливерпул по девет години поминати во клубот. Како причина за заминувањето искусниот стратег го наведе заморот.

Одлуката на германскиот колег ја коментираше и тренерот на најголемиот ривал на Ливерпил, Ерик тен Хаг кој во Премиерлигата е помалку од две години, а веќе го осетил стресот кој може да го приреди најсилното фудбалско натпреварување на „Островот“.

„Апсолутно го разбирам. Девет години е долг период за градење и реализирање на цели, но исто така мислам и за неуспесите и влегувањето во тешките моменти. Премиерлигата многу исцрпува. Поготово комбинацијата на играње во првенството и на европската сцена. По девет години разбирам дека недостасува енергија. И тоа е еден од најголемите можни аргументи за да се повлече“, изјави Холанѓанецот.

Се вчитува...