„Тен Хаг може да заработи отказ по само две недели“

Ерик тен Хаг ја доби довербата на новото раководсто на Манчестер Јунајтед за предводење на овој славен англиски клуб и престојната сезона, но тоа не е гаранција дека тој нема да добие отказ одколку неговиот тим бележи лоши резултати па и во воведот на сезоната, вели поранешниот фудбалер на овој клуб, Теди Шерингем.

Холандскиот стартег неславно ги започна подготовките за новата сезона, но неговиот тим успеа да го поправи впечатокот. Јасно е дека самите подготовки нема да влијаат на неговата работа во клубот, но со оглед на нетрпеливоста и суровоста која постои во денешниот фудбал тој и понатаму ќе стравува за неговиот ангажман.

„И покрај тоаа што потпиша нов договор, не постојат гаранции за неговата работа. Се може да се случи во фудбалот, па и Тен Хаг може да заработи отказ по само две недели ако резултатите не одат во посакуваната насока. Таков е денешниот фудбал“, вели легендата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...