Манчестер Јунајтед славеше рутински над Вест Хем со 3-0, но црна дамка врз триумфот на „црвените ѓаволи“ остави повредата на Лисандро Мартинез.
Аргентинскиот дефанзивец штотуку се врати по долга пауза поради повреда, а во второто полувреме остана да лежи на теренот јасно ставајќи до знаење дека проблемот е сериозен. Според првичните информации станува збор за повреда на коленото, а и самиот Ерик тен Хаг со изјавата по мечот стави до знаење дека станува збор за сериозна ситуација.
„Искрено ми е жал за Лисандро. Тој само што се врати во тимот, а сега му се случи ова. Што е точно, навистина не знам, но можеме само да се молиме за Мартинез. Сите сме тажни“, изјави стратегот на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА