Ерик тен Хаг ќе биде новиот тренер на Баер Леверкузен, и ќе го замени Чаби Алонсо на клупата на „аспирините“. Алонсо во понеделник треба да биде промовиран во нов тренер на Реал Мадрид, а Холанѓанецот треба да биде негов наследник.
Изборот падна на Тен Хаг кој веќе има искуство со работење во Германија, како тренер на вториот тим на Баерн. Тој беше во Манчестер, но резулатите беа под очекувањата, па на крајот на минатата година доби отказ.
Освен Тен Хаг, во комбинација беше и Цеск Фабрегас, кој исткаан дека сака да остане во Комо, меѓутоа сега има понуда од Лајпциг која би можел да ја прифати.
Холанѓанецот ќе потпише двегодишен договор со Баер Леверкузен, и ќе има за задача да го одржи клубот при самиот врв, иако од екипата би можеле да заминат главните ѕвезди како Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, додека Џонатан Та веќе е заминат и е на пат кон Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

