Хеитинга доби отказ, Ајакс го враќа Тен Хаг

Ерик тен Хаг се враќа на менаџерската позиција, и тоа во добро позната средина. Ајакс му врачи отказ на Џон Хеитинга, и сега е во потрага по нов тренер, а изборот наводно паднал на Тен Хаг.

Тен Хаг е достапен откако доби отказ од Баер Леверкузен, после само два натпревари на клупата на некогашниот првак на Германија. Исто така беше поврзуван со „кам-бек“ во Премиерлигата, но до тоа не дојде.

Тен Хаг беше дел од Ајакс четири години, од 2018 до 2022 година. го однесе тимот до полуфинале во Лигата на шампионите, и беше многу блиску и до финалето, но загуби од Тотенхем. Во минатото беше тренер на вториот тим на Баерн, па замина во Манчестер Јунајтед, каде немаше славни настапи, па доби отказ во 2024 година.

Се вчитува...