Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Мејсон Маунт како големо засилување од Челси пристигна изминатово лето на „Олд Трафорд“. Но, со прикажаното на терен е далеку од оние 64 милиони фунти кои беа платени за него.
За целокупната состојба во која се наоѓа фудбалерот зборуваше и менаџерот Ерик Тен Хаг, кој ги смирува страстите.
„Секогаш ќе бидам со него, тој е многу важен играч за нас“ – вели Тен Хаг и дополнува:
„Мора да одиме чекор по чекор. Прво мора да му дадеме поддршка затоа што се враќа по незгодна повреда. Не смееме многу да очекуваме веднаш. Мина низ еден пеколен период и сето тоа треба добро да легне“.
25-годишниот Маунт сезонава дури двапати доживеа тешки повреди од кои втората го тргна од теренитецели четири месеци. Па, и она малку што го одигра го одигра под притисок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА