Тен Хаг: Не размислувам за Манчестер Јунајтед, фокусот ми е кон Ајакс

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг изјави дека не размислува за идната сезона и за можноста да го превземе тимот на Манчестер Јунајтед. Сепак, експертите велат дека во неговата изјава има најави дека, сепак, ќе може да биде дел од Јунајтед.

„Мојот фокус е само на оваа сезона, и сите напори се насочени кон мојот сегашен тим. Не размислувам воопшто за следната сезона. Сакам да извлечам максимум оваа сезона каде што сме во битка да освоиме два трофеи“, рече Тен Хаг.

Тен Хаг е прва опција за тимот од „Олд Трафорд“, а покрај него, кандидати се уште и Мауруцио Покетино, Зинедин Зидан, Карло Анчелоти како и Томас Тухел. Неговиот Ајакс испадна во 1/8 финалето во Лигата на шампионите од Бенфика.

Претходно и Тухел изјави дека не е заинтересиран за клупата на Манчестер Јунајтед и дека сака да работи во Челси.

Се вчитува...