„Тен Хаг не сака да признае, но нема да му пречи Роналдо да си замине од Манчестер Јунајтед“

Кристијано Роналдо повторно е топ тема ова лето откако португалскиот ас изрази незадоволство во Манчестер Јунајтед и во потрага по амбиции и настап во Лигата на Шампионите се реши да ги промени клупските бои. „Црвените ѓаволи“ инсистираат дека 37-годишникот ќе биде во центарот на тимот и во следната сезона, но ретко кој се сложува со оваа констатација.

Еден од нив е и еден од најискусните англиски тернери, 73-годишниот Ник Ворнок кој ја прокоментира ситуацијата и изјави дека новиот тренер Ерик тен Хаг не сака јавно да признае дека нема да му пречи заминување на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

„И покрај тоа што менаџерот не сака јавно тоа да го признае, мислам дека нема да му пречи доколку Роналдо го напушти клубот. Тој е одличен играч, но Манчестер Јунајтед треба да го поддржи Тен Хаг за играчите кои тој ги посакува, да го остави да состави свој тим и да го врати тимскиот дух и заедништвото во соблекувалната“, вели Ворнок.

Се вчитува...