Ајакс веќе го елиминираше Реал Мадрид од Лигата на шампионите, па јасно е зошто холандскиот гигант со голем оптимизам влегува и во претстојниот двомеч од четврт-финалето против Јувентус. Тренерот Ерик тен Хаг на денешната прес-конференција истакна дека посакува Кристијано Роналдо да настапи од првата минута за Јуве во Амстердам, без оглед на фактот дека тоа значително ќе ја зголеми опасноста пред голот на Ајакс.
„Роналдо? Јас искрено сакам да игра, бидејќи настапот против најдобрите во светот е само мотив плус за Ајакс. Сакаме да играме против самиот крем на светскиот фудбал, затоа и сите сакаме Кристијано да се појави во тимот на Јуве. Од друга страна, проблем за противникот сигурно ќе претставува отсуството на Кјелини, кој е клучен играч во одбраната“ – истакна Тен Хаг.
Добра вест за стратегот на Ајакс е што Френки де Јонг ги надмина проблемите со повредата и дефинитивно ќе се појави од првата минута на утрешниот натпревар.
„Френки ќе игра, нема дилеми. Тој носи дополнителен квалитет во нашата игра и ќе ни биде добредојдена неговата помош“ – порача тренерот на Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

