Ерик тен Хаг не доби буџет за засилувања во јануарскиот преоден рок, откако новите ко-сопственици на Манчестер Јунајтед јасно ставија до знаење дека немаат намера да трошат богатство како што тоа беше случај со „црвените ѓаволи“ во последните години. Имено, новата управа поставена од милијардерот Џим Ретклиф јасно ставила до знаење дека Тен Хаг веќе нема да биде задолжен за избор на новите играчи, откако екс-тренерот на Ајакс воопшто не се прослави со изборот на засилувања од доаѓањето на „Олд Трафорд“.
Бразилецот Ентони важи за супер-промашување на Манчестер Јунајтед, во дресот на англискиот гигант не се прославија ниту скапо платените Маунт и Мартинез, а за „грев“ на Тен Хаг му се смета и инсистирањето за ангажман на Онана, за што Шпанецот веќе го избра Де Хеа, но не доби сигурен чувар на мрежата како што посакуваше.
Новата управа ќе има целосна слобода во одлучувањето за трансферите, а на Тен Хаг му било ставено до знаење дека холандскиот стратег ќе може да достави листа со желби, но директорите ќе можат да носат играчи според сопствено убедување, во зависност од цената и платата што ќе ја бараат фудбалерите поврзувани со преселба на „Олд Трафорд“.
Тој ја доби довербата на Ратклиф кон крајот на 2023 година, но исто така на холандскиот стручњак му е ставено до знаење дека мора да обезбеди влез во Топ 4, во спротивно лесно може да се случи да добие отказ по завршувањето на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА