Ерик тен Хаг прежива уште еден бурен викенд во Манчестер Јунајтед, откако управата на клубот реши да му даде нова шанса и покрај катастрофалното издание и убедливиот пораз на домашен терен од Тотенхем.
Поранешниот тренер на Ајакс е жестоко критикуван во јавноста, но тој е убеден дека ќе успее да oстане на „Олд Трафорд“ и да донесе нови пехари на најтрофејниот англиски клуб.
„Ништо не е лесно, но јас не сум премногу загрижен. Нема место за паника, се ќе биде добро… Во моментов не изгледаме добро, но верувам дека сите заедно ќе најдеме излез од оваа ситуација. На крајот се брои она што е сработено, а јас сум убеден дека во мај ќе успееме да стигнеме барем до еден трофеј. Секако, целта ни е покрај освојување на пехар да стигнеме и до што подобар пласман во Премиер-лигата, но јас верувам во мојот тим, знам дека можеме да стигнеме до она што сите го сакаме како резултат. Во последните шест сезони секогаш имав најмалку еден трофеј, тоа е моја цел и оваа година“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА