Тренерот на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, призна дека клубот се соочува со сериозен предизвик по заминувањето на Флоријан Вирц во Ливерпул за сума од околу 125 милиони евра. Германскиот офанзивен играч од средниот ред беше клучна фигура во успесите на „аспирините“ во изминатите две сезони, особено во историската 2023/24, кога Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата.
Вирц минатата сезона забележа 11 погодоци и 12 асистенции, вградувајќи се во срцето на играта на тимот и станувајќи незаменлив дел од германската репрезентација.
„Има некои играчи како Флоријан Вирц – млади, но со огромно влијание врз играта на клубот и националниот тим. Сега мора да работиме заедно за да го замениме, што е речиси невозможно, но ќе се обидеме“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

