Тен Хаг одлучи за конечната казна на Роналдо

По неговото срамно однесување на натпреварот против Тотенхем, Кристијано Роналдо беше исфрлен од тимот на Манчестер Јунајтед, а тренерот Ерик тен Хаг ја донесе конечната одлука околу понатамошниот третман кон Португалецот.

Кристијано Роналдо нема да игра на денешниот меч против Челзи, но се чини дека неговата иднина во Манчестер Јунајтед не е доведена во прашање.

„Не сметам на Роналдо за натпреварот овој викенд, но тој останува важен дел од тимот до крајот на сезоната. Тој во моментов не е со првиот тим, тренира одвоено за да биде подготвен за натпреварот против Шериф следната недела“, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед победи со 2-0 против Тотенхем во најдобрата партија откако холандскиот тренер е на чело на клубот.

Се вчитува...