Тен Хаг: Ова е мојата најголема победа откако сум во Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека победата против Барселона, во реваншот од шеснаесетинафиналето на Лигата на Европа, е негова најголема победа откако работи во премиерлигашот.

Јунајтед се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, откако по пресврт во реваншот од шеснаесетинафиналето на „Олд Трафорд“ ја совлада Барселона со 2-1. На првиот натпревар минатата недела на „Камп ноу“ беше 2-2.

Барселона поведе преку пеналот на Роберто Левандовски во 18. минута, но тимот од Манчестер ја подобри играта откако Антони влезе во игра на полувремето. Фред израмни во 47. минута, а Антони им ја донесе победата на домашните со гол во 73. минута. Запрашан дали тоа е неговата најголема победа откако се приклучи на Јунајтед, Тен Хаг одговори потврдно.

„Мислам дека е така. Имавме неколку добри победи, против Ливерпул и Арсенал на домашен терен. Мислам дека ако водечкиот тим во шпанската лига со осум бода повеќе од Реал Мадрид можете да го победите, тогаш да, ова е мојата најголема победа“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...