Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа на домашен терен со 4-1 над Реал Бетис во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во второто по ранг европско натпреварување Лигата на Европа.
Тренерот на „црвените-ѓаволи“ Ерик тен Хаг вели дека ова е одговорот што го очекувал од своите фудбалери по дебаклот против Ливерпул (7-0) кој се случи минатата недела.
„Дефинитивно, тоа е одговорот што го сакав. Рековме дека ни треба ресетирање и мораме да се вратиме, мислам дека и првото полувреме беше прилично добро. Можеше да биде 3-0, но потоа направивме грешка. Имате 1-1 на полувреме, но одигравме навистина добар натпревар во второто полувреме. Нема да го игнорираме поразот од Ливерпул, не се работи за тоа. Направивме грешки и бевме победени поради тоа. Покажавме недозволено опуштање, а тоа во врвниот фудбал не може“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА