Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека е задоволен од изборот што го направи клубот и од сработеното летово. Тој беше категоричен дека „црвените ѓаволи“ ја покажале потребната амбиција и сакаат да го имаат најдобриот можен состав.
Холанѓанецот смета дека тоа е патот по кој клубот треба да оди, за да ја врати старата шампионска слава.
„Засега сум задоволен. Се движиме во вистинската насока, но исто така сме свесни дека ни претстои уште многу. Сепак, покажавме амбиција и тоа е патот по кој треба да одиме. Работиме напорно и секогаш се трудиме да го изградиме најдобриот можен состав. Имаме уште неколку дена и додека имаме опции, ќе ги истражиме. Мора да бидете трпеливи, ќе објавиме кога ќе има нешто официјално“, објасни Холанѓанецот во врска со изборот ова лето.
На Олд Трафорд досега се донесени Џошуа Циркзи, Лени Јоро , Матаис де Лихт и Нусаир Мазрауи, а во наредните денови се очекува да им се приклучи и Мануел Угарте од ПСЖ .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА