Тен Хаг: Манчестер Јунајтед има голем дух

Манчестер Јунајтед е во низа од девет победи во сите натпреварувања. Тренерот Ерик Тен Хаг пред повеќе од еден месец се реши на драстичен потег – да го тргне Кристијано Роналдо од екипата, и од тогаш тимот „царува“, а тоа го покажа и на натпреварот со Манчестер Сити, кој Јунајтед го реши во своја корист благодарение на пресврт кој се случи за 4 минути.

Многумина сметаат дека со оваа победа, Јунајтед дури ќе се вклучи во битка за титулата во Премиер-лигата.

„Во првото полувреме игравме одлично. Добро се браневме, создававме шанси. Тогаш мораше да го смениме Марсијал, и играта се промени. Ние не бевме активни, а Сити засили. Дадоа гол. Но, овој тим има голем дух и знаевме дека мечот трае 90 минути и дека можеме да вратиме. Многу сум задоволен. Вербата се врати, одиме во вистински правец“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...