Тен Хаг по стапките на Сер Алекс Фергусон: Никој не е поголем од Манчестер Јунајтед

Отстранувањето на Кристијано Роналдо од првиот тим на Манчестер Јунајтед е одлука донесена од Ерик тен Хаг, со која холандскиот стратег јасно стави до знаење дека ниту еден поединец не треба да се става себе си над доброто на клубот. Ваквиот став на Тен Хаг е целосно поддржан од страна на управата на клубот, а медиумите потсетуваат дека ваква филозофија своевремено имаше и најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Ферги едно лето не дозволи Дејвид Бекам да се пресели во Манчестер Јунајтед, но по преголемата фама што се создаде во месеците што следеа, трофејниот стручњак самиот инсистираше на заминувањето на суперѕвездата од „Олд Трафорд“.

„Во истиот момент кога фудбалерот помисли дека е поголем од Манчестер Јунајтед како клуб, тој мораше да си замине“, го опиша Фергусон заминувањето на Бекам во својата автобиографија издадена во 2013 година.

Слична е ситуацијата и со Тен Хаг и Роналдо, холандскиот стратег инсистираше на останување на Кристијано летово, но очигледно брзо му стана јасно дека за доброто на тимот – Португалецот ќе мора да си замине веќе во јануари. Затоа што никој не е поголем од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...