Ерик тен Хаг пристигна на клупата на Манчестер Јунајтед минатото лето, а по турбулентниот почеток на сезоната, холандскиот стручњак го предводи својот клуб на чекор до Лигата на шампионите и постави добра основа за уште поголеми успеси следната сезона.
Според англискиот „Дејли Меил“, Јунајтед оценува дека им треба сериозно засилување за поголеми подвизи, а во италијанската Серија А гледаат две опции.
Напаѓачите на Наполи и Јувентус, Виктор Осимен и Душан Влаховиќ се на врвот на листата на приоритети за претстојното лето, а се наведува дека раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да потроши и до 250 милиони евра за двоецот.
Сепак, доведувањето на оваа двојка напаѓачи нема да биде воопшто лесно, особено кога станува збор за Осимен, кој зад себе има фантастична сезона. Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, познат како еден од најтешките преговарачи во европскиот фудбал, експресно истакна дека Осимен нема да биде продаден ова лето.
Од друга страна Влаховиќ имаше просечна сезона во Јувентус, па големи се шансите следната година веќе да не биде во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

