Ерик тен Хаг „преживеа“ на клупата на Манчестер Јунајтед и покрај лошата сезона која ја имаше неговиот тим. Новото раководство на тимот беше во потрага по тренер по самиот крај на сезоната, но по преговорите со Томас Тухел, Герет Саутгејт и Маурисио Покетино беше продолжена соработката со холандскиот стратег кој пак и самиот имал три барања од челните луѓе.
Според пишувањата на англиските медиуми, под број еден, Тен Хаг побарал да биде затворена вратата за Џејдон Санчо со што англискиот репрезентативец нема да се врати назад на „Олд Трафорд“. Овие двајца имаа недоразбирање кое кулминираше со позајмица на Санчо во Борусија Дортмунд каде се очекува и да остане во иднина.
Под број два, Холанѓанецот дал ултиматум во иднина техничкиот директор Џејсон Вилкокс да не се меша во стилот на игра на тимот и да му бидат „одврзани рацете“ за промените во составот.
И под број три, раководството на клубот било обврзано да го продолжи договорот на тренерот на напаѓачите, Бени Мекартни чија иднина на „Олд Трафорд“ беше неизвесна како и иднината на Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА